Вести Свет

Столтенберг: Ако не престане да ја поддржува Русија, Кина треба да ги сноси последиците

Шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, за Би-Би-Си изјави дека Кина треба да се соочи со последици за поддршката на руската војна во Украина доколку не го промени своето однесување.

Столтенберг рече дека Пекинг „се обидува да седне на две столчиња“ поддржувајќи ги воените напори на Русија додека ги одржува односите со европските сојузници.

-Ова нема да функционира на долг рок, изјави Столтенберг во интервјуто за време на посетата на Вашингтон.

Во опширното интервју Столтенберг зборуваше и за нуклеарното оружје и трошоците за одбрана. Запрашан што би можеле да направат членките на НАТО во врска со поддршката на Кина за Русија, Столтенберг рече дека има „тековна дискусија“ за можните санкции.

Столтенберг е во посета на Вашингтон. Рускиот претседател Владимир Путин, пак, денеска оди во Северна Кореја.

Минатиот месец беше во Кина.

-Русија во моментов се повеќе се усогласува со авторитарните лидери, изјави Столтенберг.

Тој рече дека Северна Кореја испратила артилериски гранати во Русија, а за возврат Русија обезбедила напредна технологија за ракетните и нуклеарните програми на Северна Кореја.

-Така Северна Кореја и помага на Русија да води агресивна војна против Украина, заклучи генералниот секретар на НАТО.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уште еден убиен новинар во Мексико

Дејан Дејан

Европските лидери ја номинираа, сега и треба поддршка – Фон дер Лајен во „лов“ на гласови во ЕП за нов мандат на чело на ЕК

Дејан Дејан

Макрон, Ле Пен или некој трет – Франција е на 24 часа до најзначајните избори во последните децении

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе