Вести Најважни Свет

Eвропските избори – Подем на екстремната десница, Социјалистите и демократите се на второ место, a можен e нов мандат за фон дер Лајен

Партиите кои припаѓаат на Европската народна партија освоија најмногу гласови на европските избори.

Онака како што предидуваа анкетите, оваа групација ќе биде доминантна во идниот парламент. Уште на изборната ноќ стигнаа најави за соработка со Социјалистите и демократите кои се на второ место според освоените гласови.

Пораката ја упати Урсула фон дер Лајен, која се појави во пред новинарите во Европскиот парламент велејќи дека во Социјалистите ќе бара партнети за мнозинство за силна Европа.

По критиките дека фон дер Лајен би можела да соработува со тврдата десница, таа рече дека ќе  соработува со проевропските партии, со оние кои ја поддржуваат Украина и кои се за владеење на правото.

Анкетите се покажаа точни во предвидувањата за раст на десницата. Во Франција партијата Национален собир однесе 32 отсто од гласовите, што го предизвика претседателот Емануел Макрон да го распушти парламентот и да закаже предвремени избори. По тешкиот пораз на неговата партија тој рече дека ја слушнал пораката на гласачите.

Убедлива победа однесе и италијанската премиерка Џорџа Мелони во Италија. Нејзината Браќа на Италија освои најмногу гласови.

Германската Алтернатива за Германија се искачи на второто место, потиснувајчи ги социјалсемократите на канцеларот Олаф Шолц. Крајната десница победи во Австија, а крајно десничарската партија на Герт Вилдерс е на второ место во Холандија.

Сега треба да се види како овие партии ќе се групираат во идниот парламент, и во колкава мера може да влијаат на креирањето на европските политики.

Од Брисел за Телма Марија Дивитарова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во село Лабуништа пронајден човечки череп

Дејан Дејан

Димитриевски: ЗНАМ не е создадено за да биде дел од старите политички матрици

Дејан Дејан

Скопјани до Нова Година треба да го дочекаат и крајот на булеварот Борис Трајковски до Драчево, како и проектот клучка Момин Поток

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе