Вести Македонија

Мицкоски денеска напладне ќе го добие мандатот, има рок од 20 дена да формира Влада

Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова денеска на пладне, ќе му го врачи мандатот за состав на влада на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.Тој вчера ги поднесе во собрание законските измени со кои треба да се реформираат министерствата и да се формираат нови.

Очекува измените да бидат изгласани најдоцна во вторник. Собранието во петок, по скратена постапка, ќе расправа за законските измени што ги предложи Мицкоски. Во образложението  за предложените измени пишува дека министерствата добиваат појасни надлежности, се разграничуваат испреплетените надлежности помеѓу постојните министерства, и се овозможува простор за рамковното регулирање на органите на државната управа да биде точно утврдено со материјални закони.

Дополнителни се дообјаснува дека измените на законот со кој се предвидува и формирање нови министерства произлегува од фактот што некои органи на државната управа не се функционални и не  помагаат за поефикасно остварување на правата, и интересите на граѓаните и правните лица.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе