Вести Најважни Свет

Кандидат на АфД на европските избори ранет со нож во Мајнхајм

Кандидат на крајно десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) на европските избори е избоден со нож во градот Мајнхајм, само неколку дена откако еден полицаец беше убиен, а друг и уште пет лица беа повредени во напад со нож во истиот град.

Нападот со нож се случил доцна синоќа во близина на истиот пазар каде во петокот се случи претходниот напад.

Агенцијата јави дека кандидатот на АфД, кој не е именуван, наводно фатил некој кој се обидувал да искине изборен плакат и кога се соочил со лицето, бил нападнат со нож.

Локалниот политичар се уште е во болница со повреди кои не се опасни по живот.

Полицијата најави дека повеќе информации ќе соопшти подоцна и оти истрагата е во тек

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осомничениот за нападот во Берлин е застрелан од полицијата во момент кога сакал да нападне со остар предмет

Дејан Дејан

(видео) Харис и Кемал се единствените преживеани на Елбрус – загинаа петмина планинари од БиХ

Дејан Дејан

Приведени осуммина кај кои полицијата пронашла дрога

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе