Уставниот суд доби претседател во 10-иот круг гласање. Со шест гласа за Дарко Костадиновски го доби потребното двотретинско мнозинство за прв човек на Уставен. Телма дознава дека Костадиновски го предложила неговата колешка Јадранка Дабовиќ Анастасовска.
Мандатот на претседателот е три години но Костадиновски заминува од Уставен во јануари 2027 година кога му истекекува мандатот како судија. Избран е во јануари 2018 на предлог на претседателот на државата Ѓорге Иванов .
Од 2001 кога претседател беше Борис Трајковски па се до изборот за уставен судија, Костадиновски работел во кабинетот на претседателот на државата. Последните 8 години бил државен советник за надворешна политика во Вила Водно.
Уставните судии на пладне имаа состанок за консултации по кој гласањето продолжи. Новиот обид за Осман Кадриу завршил повторно со 5 гласа недоволно за избор по што нов кандидат бил Костадиновски. Со негоивот избор Уставен излезе од блокадата и можната криза за чие надминување 9 мината судиите вчера се договорија колективно да управуваат.
Изминатите 9 круга покрај Осман Кадриу на гласачкото ливче во Уставен се најдоа и имињата на Татјана Васиќ Бозаџиева и Ана Павловска Данева, 6 круга гласање секој пат резултатот меѓу нив беше 5 наспроти 4. По што Павловска Данева вчера се повлече за да се избегне уствна криза но сепак и наредните обиди беа неуспешни.
Телма претходно објави дека во Уставен има два спротивставени табори поделени околу измените на Деловникот за две прашања- употреба на јазиците во Уставен и воведување на заменик претседател на судот.
Новиот претседател ќе ја предводи институцијата со новиот деловник чија содржина ја обзнани неговата претходничка Добрила Кацарска на завршната прес конференција минатата недела.
Елена Ивновска Мукоска