Вести Најважни Свет

Трамп прогласен за виновен за поткуп на порно ѕвезда за да молчи за односот со него- виновен е по 34 точки од обвинението

Поротата во судот во Њујорк го прогласи Доналд Трамп за виновен за поткуп на порно-актерката Сторми Даниелс во пресрет на претседателските избори 2016-та. Трамп е прв американски претседател кој е обвинет и осуден за криминално дело.

Сите поротници засебно потврдија дека нивната одлука е виновен по 34 точки од обвинението. Судијата за 11-ти јули оваа година ја закажа седницата на која ќе ја определи казната за Трамп.

Поранешниот американски претседател кој во ноември треба да биде повторно, трети пат во низа републикански кандидат за претседател на САД, по изрекувањето на пресудата, ја нарече “срамна” и порача дека граѓаните ќе ја соопштат вистинската пресуда на изборите во ноември.

-Никој не е над законот, соопштија од тимот на актуелниот претседател Џо Бајден по историската пресуда донесена во судот во Њујорк.

Судијата на Трамп му посочи дека не смее да ги открива и да коментира ништо за поротниците, сведоците и за членовите на обвинителскиот тим.

Трамп во периодот пред 2016-та кога веќе ја почна партиската претседателска кампања во 34 наврати преку соработници исплатил вкупна сума од 130 илјади долари на Сторми Даниелс, порно актерка со која имал секс-афера претходно. Со парите, Даниелс требало да прифати да не открива дека имала односи со Трамп, но таа во јавноста преку биографска книга ги откри деталите на зделката со еден претседател на САД.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Пронајдена поголема количина кокаин – маж од скопски Брест лишен од слобода

Дејан Дејан

Осомничениот за нападот во Берлин е застрелан од полицијата во момент кога сакал да нападне со остар предмет

Дејан Дејан

(видео) Харис и Кемал се единствените преживеани на Елбрус – загинаа петмина планинари од БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе