Дежурниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со увидни екипи од МВР, беа на терен во текот на ноќта. Увидот беше извршен на булеварот „Никола Карев“ каде со пукање од огнено оружје беше лишено од живот едно лице, а уште две се повредени.
Јавниот обвинител издаде наредби за вештачење на трагите прибирани од лице место, а се преземаат и други дејствија.
Од Министерството за внатрешни работи инфрмираа дека работат на откривање на сторителите. Оттаму соопштија дека синоќа околу 23:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булевар „Никола Карев“ имало пукање, а во 23:45 часот, од Универзитетска клиника по хируршки болести „Св.Наум Охридски“ – Скопје било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје бил донесен Т.А. (24) од Скопје.