Вести Македонија Најважни

Македонија на врвот на листата депортирани граѓани од Германија

Бројот на протерани лица од Германија годинава е значително поголем во споредба со минатата година. Во првиот квартал од 2024-та година бројот на депортации е поголем за една третина, пишува весникот „Ноје Оснабрикер Цајтунг“, пренесува „Дојче Веле“.

Весникот ги пренесува податоците од германската влада наведени во одговорот на пратеничко прашање од партијата Левица. Според нив, од јануари до март оваа година од Германија биле протерани 4.791 лице, или околу 34% повеќе во споредба со истиот период лани.

Притоа, Македонија е на врвот на листата на депортации. Во првиот квартал од 2024 година од Германија биле протерани 483 граѓани на Македонија. Во текот на целата измината 2023 година биле депортирани 1.177 македонски граѓани. Од протераните 483 македонски граѓани во првиот квартал од 2024 година, 233 биле жени и 227 малолетни лица.

На второ место по број на депортации е Турција, каде се вратени 449 граѓани. Потоа следат Грузија (416), Авганистан (345) и Србија (312).

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Хеликоптер на МВР интервенира кај Блаце, пожарот сè уште активен – сообраќајот се одвива отежнато

Дејан Дејан

Бројот на жртви во поплавите во Тексас се искачи на 59 – стотици спасувачи трагаат по исчезнати

Дејан Дејан

Пожар кон граничниот премин Блаце, се шири кон шума

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе