Вести Македонија

За светците на словенската писменост- гробот на Свети Кирил е светилиште во Рим, но мистерија е каде е погребан неговиот брат Свети Методиј

Ширењето на словенската писменост во 10-тиот век е нивната најголема заслуга поради која словенските народи и ден денес им укажуваат почит и ги одбележуваат светците кои на својата просветителска мисија тргнале од Охрид.

И додека гробот на свети Кирил е познато место и светилиште за нивниот ден, 24-ти мај, гробот на неговиот брат е мистерија и се уште не е потврдена локацијата каде е погребан во раниот среден век. Постојат претпоставки и научни теории дека е погребан во рамките на една црква во Чешка, која била дел од големата Моравска држава на почетокот на 11-от век.

Гробот на Свети Кирил е во базиликата Свети Климент во Рим која името го добила по пaпата  Клемент. San Clemente al Laterano е базилика која е изградена во 4 век од новата ера и се наоѓала под земја. Таму е погребан Свети Кирил по смртта додека заедно Методиј биле во посета на Ватикан.

Олтарот за Свети Кирил се наоѓа во старата базилика врз која на почетокот на 12-тиот век е изградена новата Свети Климент базилика. Секоја година црковно-државна делегација од Македонија го одбележува празникот со посета на Рим, а утрово делегацијата ја посети базиликата и се поклони пред олтарот на Свети Кирил.

Владиците Тимотеј и Пимен одржаа молебен на гробот на Св. Кирил.

-Благодарение на сесловенските просветители, браќата Св. Кирил и Методиј, ние денес имаме македонски јазик, е една од главните пораки испратени од Италија и Ватикан на денот на сесловенските просветители.

Денеска се празнува денот на сесловенските просветители и учители Свети Кирил и Методиј

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Молкот нема да трае долго како вашето судење, порачаа роднините од седмиот „Марш за Агнелите“

Дејан Дејан

Во Кочани нов марш на семејствата на настраданите во пожарот

Дејан Дејан

Интервју со Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Каја Калас

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе