Вести Македонија Топ вести

Прскањето против ларви од комарци доцни веќе месец дена

Спортисти, рекреативци, родители со своите деца, граѓаните го користат убавото време на главното место за спорт и рекреација – кејот на реката Вардар. Трчаат, пешачат или се возат на велосипеди. Од најмлади до најстари сите може да се забележат по патеките како се рекреираат. Оние граѓани кои ги затекнавме таму велат дека излегле да се прошетаат, но стравуваат дека во иднина нема да можат да продолжат со нивните навики за спортување поради напливот на агресивни инсекти. Велат дека секое лето комарците се главна тема на сите минувачи на кејот и ги повикуваат надлежните да започнат со прскање против комарци.

„Нормално дека претставува опасност за граѓаните. Мора да се прска. Порано кога прскаа никогаш ги немаше, а сега ги има многу. Болести има секогаш, ама ако не се прска ќе има уште повеќе.“

„Немам некој конкретен став меѓутоа сметам дека доколку е потребно нека се испрска затоа што можеби би се рашириле некои заразни болести.“

 Прскањето против ларви од комарци доцни веќе месец дена. Додека граѓаните стравуваат, од градот Скопје нема абер за прскање. Тие не одговараат на нашето прашање кога градоначалничката ќе ја спроведе нејзината обврска за заштита на јавното здравје. Дел од тендерот за прскање против комарци беше поништен на крајот на април бидејќи немало ниту една прифатлива понуда за делот на прскање против комарци од земја и делот на средства за прскање. Оттогаш па се досега не е објавен нов тендер. Според неофицијални информации на телевизија Телма се очекува истиот да биде објавен следната недела. Задолжителна дезинсекција до септември потребно е да се направи барем петпати.

Тамара Марковска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожар се приближуваат кон Бордо, Макрон свика итен состанок- над 300.000 луѓе се евакуирани во Франција и Шпанија

Kristina Kuzmanovski

Паднаа цените на нафтата по најавите за прекин на нападите меѓу Иран и САД

Kristina Kuzmanovski

Еден осомничен е уапсен, а друг се бара по пукотницата на фестивалот за храна во Сиетл, во која загинаа 3 лица

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе