Вести Македонија

Политичари без дилеми

Во Македонија, изборите ни доаѓаат за неколку месеци. Во соседна Србија штотуку завршија – ако се прашува само владеачката Српска Напредна Странка. Месеци и недели пред гласањето во соседството, македонските политичари јасно покажаа дека немаат дилеми со кого треба да се соработува.

Некои можеби ќе забележат дека прославата почнала месец и половина порано. Но, станува неизбежно кога двајца претседатели и еден премиер од Балканскиот регион ќе разменат енолошки искуства.

Нашиот претседател не беше со нив. Но не се согласува тоа да се прогласи за „држење дистанца“. Особено по одиграната партија шах која договорено заврши нерешено.

ВМРО ДПМНЕ како да се почувствува запоставено гледајќи во какво друштво е нивната сестринска народна партија. Мицкоски веднаш организираше посета на децата што учат македонски јазик во Лесковац. При тоа, им се обрати на чист српски јазик.

Се чини српските новинарки не ги следат македонските политички збиднувања. А во Македонија, македонскиот јазик го проговорија и оние кои 22-3 години го избегнуваа.

Тоа се случи на прославата на Денот на албанската азбука. Тогаш премиерот Ковачевски `не наведуваше на погрешна мисла дека некој Фатмир ќе го замени во јануари како прв човек на техничката Влада.

За 27 дена, Ковачевски ќе го исполни ветувањето што неговиот претходник Заев му го даде на Ахмети. Изборот падна не на некој од оние чие име значи „среќа“, туку на оној чие име се преведува како „пријател“. Несомнено, повеќе од две децении,  Ахмети се потпира на својот пријател Талат Џафери. Имаше доверба да го назначи за командант, за министер, за пратеник, за спикер, зошто не и за премиер.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски предлага тет-а-тет средба со Путин за завршување на војната во Украина

Дејан Дејан

Мерц и Макрон со нон-пејпер за Западен Балкан

Tea Dimkovska

Мехмети: Граѓаните очекуваат политики, а не отворање базени

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе