Вести Македонија Најважни

Струјата поскапува за тие што малку трошат

Струјата нема да поскапи од 1 јануари, но оние што трошат малку ќе добијат повисоки сметки. Сметките на просечно семејство со просечна потрошувачка треба да останат на сегашното ниво, соопшти претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски.

Но, семејствата што се греат и готват на дрва и имаат мала потрошувачка на струја, со сметки од околу 1000 денари месечно, од Нова година ќе добиваат за околу 150 денари повисоки сметки од досегашните.

Според новата пресметка на регулаторна, цените на струјата се зголемуваат, но на мрежарината се намалуваат, па на крај евтината струја останува иста, скапата струја во првиот блок поевтинува за 5 отсто, во вториот блок останува иста, во третиот блок поскапува за 3 отсто, и во четвртиот поскапува за 2 отсто. На ова се додава ставка пристап до мрежа од 200 денари за секое домаќинство.

Според пресметките на Телма, семејствата кои се во првите два блока, ќе заштедат најмногу до 88 денари поради поевтинувањето во првиот блок, но им се воведува нов трошок за пристап до мрежа од 200 денари, па сметките ќе им се зголемат за најмалку 112 денари.Цена струја пристап до мрежа

На пример, семејство кое троши 200 киловатчаса скапа и 200 киловатчаса евтина струја, и досега плаќало околу 2700 денари, со новите цени ќе заштеди 84 денари, но ќе плати плус 200 денари за пристап до мрежа, односно сметката ќе порасне за 116 денари.

Бислимовски вели дека со воведувањето на евтината струја од 13 до 15 часот преку ден, тоа ќе се компензира.

„Во зависност од потрошувачката, распределбата на блоковите, со самиот факт што имаме евтина тарифа од 13 до 15 часот, дополнително голем број на домаќинства ќе ја префрлат потрошувачката во евтината тарифа, така што тука некаде ќе бидат сметките, некаде ќе бидат пониски, некаде исти. Единствено ќе бидат повисоки кај оние коишто имаат потрошувачка нула или имаат потрошувачка од 10,15 20 киловатчаса во текот на годината, бидејќи тие ќе треба да ги платат тие 200 денари. Инаку, горе-долу ќе биде исто, можеби помалку поради воведувањето на евтината струја преку ден“, вели Бислимовски.

За да се компензира пристапот до мрежа, едно семејство треба да префрли најмалку 40 киловатчаса од скапа во евтина тарифа.

Куќите во кои не живее никој и не трошеа струја, досега плаќаа само 184 денари месечно за улично осветлување. Сега се додаваат плус 200 денари за пристап до мрежа, па минималната сметка за нула потрошувачка ќе биде 384 денари.

Срѓан Стојанчов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе