Вести Македонија Најважни

Уставен суд против графата националност во изводите од матичните книги

Уставниот суд се сомнева во уставноста и законитоста на одредбите за внесување графа со национална припадност во изводите од матичните книги на родените, умрените и венчаните. Судиите одлучија да го прифатат предлогот на судијата известител Дарко Костадиновски и да поведат постапка. Сметаат дека националната припадност е лично чувство, емпириски непроверлив податок и слобода на изразување утврдена со Уставот, а компаративната анализа покажала дека нема држава во која изразувањето националност е задолжително.

Оваа графа беше воведена со одлука на министерот за правда Кренар Лога во мај годинава. Тој објави упатство за матичните служби врз основа на закон од 95-та година, што беше оспорен пред Уставниот суд од Левица. Во јули Судот времено го стопираше ова упатство, но немаше мнозинство за донесување одлука.

Соња Николовска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски предлага тет-а-тет средба со Путин за завршување на војната во Украина

Дејан Дејан

Мерц и Макрон со нон-пејпер за Западен Балкан

Tea Dimkovska

Мехмети: Граѓаните очекуваат политики, а не отворање базени

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе