Вести Македонија Најважни

Прегледани над 50 камери, сите подруми, манастири…- Петти ден ја нема 14-годишната Вања Ѓорчевска

Петти ден ја нема 14-годишната Вања Ѓорчевска, која исчезна на 27-ми ноември одејќи накај училиште во 7 часот.

Министерот Спасовски изјави дека се прегледани над 50 камери, сите подруми, речното корито на Вардар, земени се сите електронски уреди и од нив имаме некакви сознанија, рече Спасовски, објаснувајќи дека специјалниот тим работи активно речиси 24 часа. Додаде дека се проверени сите манастири во земјава.

Спасовски се заблагодари и на медиумите против борбата со лажните вести.

  • Ова е ситуација кога не смееме да се шегуваме и да си играме, рече Спасовски додавајќи дека не смее повеќе да додаде за текот на потрагата освен она што го презема МВР.

Рече дека системот „Сејф Сити“ функционира, но дека ситемот за препознавање на лице односно „Фејс рекогнишан“ ќе биде инсталиран на 10-ти декември.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Екоорганизации бараат Владата итно да ги повлече концесиите за геолошки истражувања во 27 општини – предупредуваат дека се крши законот за минерални суровини

Tea Dimkovska

Расте интересот на читателите за класиците

Дејан Дејан

Левица: Пропадна можноста за суштински изборни реформи, ДПМНЕ и СДСМ си обезбедија 10 милиони евра за политичка пропаганда

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе