Вести Македонија Најважни

Ковачевски: Руско влијание постои, но Македонија е безбедна – Столтенберг: Не гледаме воена закана од Русија кон земјите членки на НАТО

Македонија е безбедна земја, нема закана за нас и стабилноста, изјави премиерот Ковачевски на заедничката прес конференција со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг кој е во дводневна посета во Скопје.

  • Ние и земјите членки на НАТО се бориме против руското влијание , но сите субјекти и политички чинители имаат обврска да придонесуваат за мирот и стабилноста. Секако дека постои руско влијание во регионот и секогаш се способни да пронајдат свои истомисленици во политички партии или поединци, но тие не се на приближно ниво со она што ние го поседуваме и нашите безбедносни служби, за да претставуваат некоја закана за нашата земја, истакна премиерот Ковачевски.

И генералниот секретар на Алијансата, Столтенберг не гледа воена закана од Русија против која било земја членка на НАТО, но рече дека внимателно се следат чекорите на Москва.

  • Внимаваме што се случува и сме подготвени да се засилиме, и се што е потребно за да го одбраниме секој сојузник од воена закана. Продолжуваме да ја повторуваме пораката кон Русија да се воздржат од агресивните дејства против соседите и да ја престанат воената агресија кон Украина. Една од причините поради која Путин влезе во војна е да ја спречи Украина да влезе во НАТО, сакаше НАТО да гарантира дека нема да се шири, но тој добива токму спротивното, повеќе НАТО во источниот дел од Алијансата, а добива и нови членки Финска и Шведска, додава Столтенберг.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се гасне пожарот во реонот на Блаце

Дејан Дејан

Двомесечен прекин на огнот како преодна фаза кон траен мир во Газа – Нетанјаху на средба со Трамп во Вашингтон

Дејан Дејан

Се урна дел од надстрешница на „Кнез Михајлова“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе