Вести Македонија Најважни

Поради Камчев, на црната листа на САД и Самсоненко, во описот за Црногорецот Дака – и Заев и Рашковски

Сергеј Самсоненко, неговата сопруга Ирина и Ратка Куновска Камчева, мајката на веќе назначениот Орце Камчев се ставени на американската црна листа каде им се придружија на Рамиз Мерко, Никола Груевски, Сашо Мијалков. Одлуката е објавена попладнево, на веб сајтот на Американското Министерство за финансии.  На листата се ставени и компаниите Систина Лајф Кеар Центар, Орка Холдинг, Бет сити, Орка Фајнанс, Камчев консалтинг.

Самсоненко, Ирина и Камчева се именувани согласно извршната наредба 14033 на американската администрација поради  „материјално помагање, спонзорирање или обезбедување на финансиска, материјална или технолошка поддршка, како и стоки и услуги  за поддршка на Јордан Камчев, кој веќе е ставен на црната листа на САД. Основата за ставањето на црна листа за брачната двојка Самсоненко и мајката на Камчев се трансакциите опфатени со случајот Парцели на Водно, во кој Русинот сведочеше, а Камчева со синот Орце беше обвинета за перење на пари.

-Во 2021 година, Самсоненко извршил исплати на неговата сопруга Ирина. Во истиот период, Ирина префрлила пари на Камчев Консалтинг Скопје ДООЕЛ (Камчев Консалтинг) и Орка Фајнанс Скопје ДООЕЛ (Орка Фајнанс); двете компании се поврзани со Ратка Камчева. Исто така, во истиот временски период, парите што им беа префрлени на Камчев Консалтинг и Орка Фајнанс беа искористени за плаќање на заем поврзан со Орка Холдинг АД (Орка Холдинг), компанија поврзана со Јордан Камчев, стои во одлуката на Министерството за финансии на САД.

Дополнително, Самсоненко и Ирина од Камчеви ја купиле и Систина Лајф Кеар Сентр правен субјект исто така опфатен со „Парцели на Водно“. Бет Сити Интернационал ДОО Скопје (Бет Сити), спортска обложувалница, е во заедничка сопственост на Самсоненко и фирма на Камчев, потенцираат американците.

На црната листа но како објаснување се најдоа и претпоследниот премиер Зоран Заев и обвинетиот екс-владин генерален секретар Драги Рашковски. Имињата на македонските функционери се најдоа во досието на црногорскиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ викан Дака ставен на црната листа поради „неговите коруптивни активности кои помогнале во напорите на Русија да ја компромитира независноста на демократските институции и судството“ во Црна Гора, вклучително и руските напори да влијае врз изборни резултати во Црна Гора.

-Тој (Давидовиќ-Дака) беше вмешан и во скандалот што доведе до апсење на генералниот секретар на Владата на Северна Македонија, Драги Рашковски, главен соработник на поранешниот премиер на Северна Македонија, Зоран Заев. Рашковски наводно примил поткуп од Давидовиќ за да има средба со премиерот Заев за да ги потурне бизнис интересите на Давидовиќ, стои во одлуката на Министерството за финансии на САД.

Давидовиќ беше актуелен и по обидот да го купи државното земјиште на ШИК Јелак во Тетово, за што беа објавени и тонски записи од негови средби со Зоран Милески Кичеец на кои се спомнуваше мито. Процесот за купопродажба почна во времето на градоначалничката Теута Арифи, но се уште е оспорен ДУП-от со згарди на земјиштето на ШИК Јелак.

 Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дурмиши: Ќе се следат цените и во јуни, ако продолжи поскапувањето, економија оди со мерки во јули

Дејан Дејан

Што ќе избере Трамп – ќе се приклучат ли САД на израелските напади против Иран?

Дејан Дејан

Дурмиши: Даваат резултат мерките кои ние ги донесовме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе