Пред собраниската анкетна комисија за скандалот на Клиниката за онкологија, денес сведочат поранешниот министер за здравство Венко Филипче и актуелниот министер Фатмир Меџити.
Филипче прв има излагање. Тој пред пратениците истакна дека не бил запознаен со КАТО-системот кој со години е неупотребуван на Онкологија.
За време на неговиот мандат, немало пропусти во работата на Клиниката тврди Филипче и не одговори – дали тој лично чувствува одговорност.
Прашан за паралелен увоз на лекови и дали е запознаен дека се увезувале и фалсификат лекови, Филипче одговори дека од 2018 година во Македонија се носат лекови со европски сертификат.
Пред неколку дена, со прашања на анкетната комисија се соочи и наследникот на Филипче во министерската фотелја и кадар на Алтернатива, Беким Сали кој ја извршуваше министерската должност до пред една година.
Анкетната комисија во Собрание е формирана со цел да се лоцира политичката одговорност за скандалот со кражба и препродажба на лекови од Онкологија. Комисијата е формирана со консензус од најголемите партии.
Петар Догов