Вести Македонија Најважни

Зад ветувањата за финансиска инјекција и раст на бруто домашниот производ останува условот за реформи

Проширувањето на Европската унија мора да се забрза, вели германскиот канцелар Олаф Шолц, охрабрувајќи ги земјите од Западен Балкан дека не може да се чека како претходно. 20 години се премногу, рече Шолц на завршната прес-конференција на Самитот на Берлинскиот процес во Тирана.

Апсолутно неопходно е да ја разбереме ситуацијата, за мирниот развој на настаните во Западен Балкан е потребно разбирањето на земјите членки дека ова може да функционира само ако тие не се прогонувани од минатото, туку ако гледаат кон иднината. И ако се обидуваат да ги решат проблемите кои ги имаат меѓу себе. Токму затоа работевме толку напорно за да ја поддржиме  Северна Македонија во нејзиниот пристапен процес кон ЕУ, и да се решат сите проблеми, прво со Грција, а потоа и со Бугарија. Сега има шанса, се оди во вистинската насока, и навистина цениме сѐ што прави владата и премиерот во Северна Македонија, порача Шолц.

Сепак, Унијата останува на ставот дека проширувањето мора да се базира на заслуги и дека не може да се врзува за конкретни датуми. Прашана за 2030-та година,  како можен датум за проширување, нешто што го спомна претседателот на европскиот совет Шарл Мишел,  претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен со одговор.

Пристапувањето е процес заснован на заслуги, и не може да постои фиксен датум каде без разлика дали спроведувате реформи или не, би влегле во ЕУ. Тоа никогаш нема да биде прифатливо за земјите членки. Или пак дека треба да чекате до одреден датум. 2030 би значело дека во следниот мандат нема да има проширување. Затоа мислам дека усогласената методологија која ја имаме во Европскиот совет, е дека е процес заснован на заслуги и овој начин е многу повеќе вреден за земјите, бидејќи нивните напори и успеси се тие што ги водат напред. Тоа е исто така и силен поттик за да ги направите потребните чекори, рече претседателката на ек.

Фон дер Лајен е уверена дека Западен Балкан може да се приближи кон Унијата преку економијата. Има план за раст на Балканот, но планот е условен од реформите. Оние кои ќе ги спроведуваат реформите ќе може побрзо да напредуваат кон ЕУ. Според неа, тоа ќе значи и нивно побрзо членство во Унијата.

Тоа е јасно и за премиерот Димитар Ковачевски кој учествуваше на Самитот.

Косово останува невралгична точка на Балканот и европските лидери повикуваат на нормализација на односите и враќање кон дијалогот. Го гледаат моментот како клучен за интегрирање на регионот, ако се има предвид војната во Украина за која признаваат дека го забрза процесот на проширување.

Од Тирана Марија Дивитарова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рашче под притисок, дивите приклучоци го уништуваат капацитетот

Дејан Дејан

Разговори за можно примирје во Појасот Газа во Белата куќа- Нетанјаху на вечера кај Трамп

Дејан Дејан

Продолжуваат спасувачките напори во Тексас – над 100 загинати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе