Вести Македонија Најважни

Телма дознава: Владата ќе го преиспитува дуплираниот ДДВ на прехранбени продукти кои ги прогласи за луксузни

Владата ќе ја преиспитува одлуката за зголемување на стапката на ДДВ од 5 на 10 % за дел од производите кои според последните законски измени на Законот за ДДВ, според проценките на Министерството за финансии беа означени како “луксузни” и отпаднаа од групата основни прехрамбени артикли за кои ДДВ – то е 5 %.

Измени, дознава Телма, со сигурност, ќе има кај преработките од млеко, како сирење, урда и кашкавал. Но, и за други производи.

Ќе се оценува и спроведливоста на новите стапки на ДДВ од 10 % и за увозот на дел од тропското овошје и прерабптки од зеленчук.

Одлуката за над 1600 производи кои се оданочуваат со 10% ДДВ е објавена во Службен весник на 28-ми септември. Но, за голем дел производи, велат извори на Телма, е оценета како нејасна и неспроведлива во пракса.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Совесноста на луѓето најголемата превенција од пожари во шумите и планините

Дејан Дејан

Се урна зграда во Карачи – 16 загинати, над 20 повредени

Дејан Дејан

Фатен нов див приклучок на вода во Сарај – поднесена кривична пријава

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе