Вести Македонија Најважни

Долга е низата проблеми на лицата со попреченост – освен здравствениот ситем, потфрлија и бизнисот и политичарите

Несоодветна инфрастуктура, минимална вклученост во политичкиот живот – изборните процеси откриваат дека лицата со попреченост немаат еднакви права. Активистите сметаат дека треба да има квотна застапеност, но нивната вклученост треба да биде реална, за да можат да придонесат за подобрување на условите, зашто токму тие ги знаат потребите на оваа категорија граѓани.

  • Се донесуваат закони без наше прашање, кога ќе се донесуваат такви закони, нарочито во Министерство за труд и социјална политика, треба да има наши претставници, да се знае што се носи“, вели Махмуд Изаири, кој е лице со попреченост

Според истражувањата на Здружението ИНКЛУЗИВА, кое организираше панел дискусија во Тетово, покрај минималното политичко учество, непристапноста до гласачките места го покажува и проблемот со кој овие лица секојдневно се соочуваат.

  • 70% од гласачките места се непристапни, а тоа се училишта, знаеме сите дека се гласа во училиштата во државата и се запрашуваме како ќе се образуваат понатаму учениците со попреченост ако училиштата не се пристапни, лицата со попреченост не се вклучени во телата на политичките партии и ги нема на изборните листи, вели Благица Димитровска, претседател на Здружение за промоција и развој на инклузивно општество ИНКЛУЗИВА

На парламентарни избори само една партија предложила кандидат – лице со попреченост, но на дното на листа, додека на локалните имало 9, од кои две се претседатели на општински совети.

Данијела Билбилоска

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе