Екипата на емисијата КОД на телевизија Телма е добитник на третата награда на ЕУ за истражувачко новинарство, за сториите за неуспешната конфискација на имотот на „Трансмет“, со наслов „Државата не наплати пари од пресудено дело – Неуспешна конфискација на Трансмет“ од авторите Миомир Серафиновиќ и Снежана Лупевска Созен.
Жирито заклучува дека новинарите од КОД спровеле сериозно и длабинско истражување, поткрепено со документи кое открива како дури и по завршен судски процес на компанијата „Трансмет“ и Сеад Кочан и изречена казна за испумпување на пари од буџетот на граѓаните, оние со моќ и влијание успеават или се обидуваат до последно да се спаси она што може, а државата да не си ги наплати средствата.
Второнаградена е сторијата на порталот „Призма“, за „Избеган украинскиот политичар под санкции на САД, добил македонско државјанство“ , а првата награда е во рацете на екипата на ИРЛ за документарецот „Нечиста крв“.
Главната цел на оваа награда, која е и премиса на новинарството, е укажување на системските пропусти и грешки, односно заштита на јавниот интерес.