Вести Македонија Најважни

Лога за измените на Кривичниот законик одговорноста ја префрли на Собранието

Министерот за правда Кренар Лога не сака да ја коментира содржината и последиците на измените на Кривичниот законик кои влегоа во Собрание со потпис на неговата заменичка Виторија Аврамовска Мадиќ.

На брифингот со новинарите потсети дека веќе се произнел, иако во јавноста до сега од него излезе само став – дека не го потпишал затоа што не бил  убеден дека е вистинско решение.

Зошто дозволил толку битни законски измени за кои има резерви да излезат од министерството каде тој го има последниот збор. Лога кусо искоментира „Вие знаете и подобро од мене“.

Кој ги напишал неколкуте спорни законски одредби кои ќе значат застарување или пониски казните за фунционерите Лога ги препрати новинарите да ја прашаат Мадиќ, но уверува дека работната група што го прави новиот Кривичен законик не учествувала во тие измени.

На новинарско прашање дали ја овластил неговата заменичка да потпише предлог закон со кој се врши упад во кривично правниот систем и дали ако не ја овластил значи дека секој заменик позади грбот на министер може да прави амнестии, да потпишува закони да врши исплати, Лога негираше и одговорноста за законските измени ја префрли на Собранието

И додека внатре институциите си ја префрлаат тотпката, од ЕУ пристигнуваат пораки дека следат каков ефект измените ќе имаат врз неказнивоста.

Дека овие измени на Кривичниот законик ќе влијаат на неказнивоста, предупредија и повеќе експерти, и невладините, и обвинителката Ленче Ристоска која е дел од обвинителскиот тим во клучниот предмет на СЈО за масовното приусушување, за кој се анлизира во колкава мера ќе претрпи последици.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осомничениот за нападот во Берлин е застрелан од полицијата во момент кога сакал да нападне со остар предмет

Дејан Дејан

(видео) Харис и Кемал се единствените преживеани на Елбрус – загинаа петмина планинари од БиХ

Дејан Дејан

Приведени осуммина кај кои полицијата пронашла дрога

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе