Вести Македонија Најважни

Убиецот и се заканувал на жртвата дека ќе објави компромитирачки видеа од нив двајца – и барал пари, ја избоде 40 пати со нож

46 годишна жена и мајка на три деца утринава е убиена свирепо пред својот дом, од поранешниот партнер, 59 годишниот УР од Кочани. Пред смртоносните убоди со нож, имало расправија меѓу двајцата. Убиство се случило во 6 часот и 15 минути кога жената тргнала на работа во текстилна конфекција. Привичните информации од терен се дека пред убиството, неколку години наназад жената била мета на закани, изнуда на пари, заради компромитирачки снимки, што убиецот ги имал за неа. Демнеењето и заканите кон жртвата почнале откако се разделиле. Почината неколку пати пријавувала во полиција. Од невладината организација ЕХО велат дека нашата земја има закони кои ги штитат жените, но прашањето е колку го препознаваат ризикот од фемицид.

Од Секторот за внатрешни работи потврдија дека на 16 мај Т.М. пријавила дека подолг период била уценувана од У.Р. со кого била во љубовна врска , дека ќе објави компромитирачки видеа и фотографии доколку не му даде пари. Од страна на инспектор е постапено и е поднесено известување до ОЈО-Кочани. Од обвинителството информираат дека наредена е обдукција, обезбедени се траги и докази, а од очевидци на настанот извршено е препознавање на осомничениот, кој е лишен од слобода.

Викторија Јованова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Ристевска: Прво ви велат „Сменете го Уставот“, а потоа ви велат „Билатералните спорови надвор“- контрадикторно е

Дејан Дејан

Министерството за правда информира дека се неточни тврдењата дека ќе се изгубат средствата од реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе