Вести Македонија

Водата во браната Паљурци неконтролирано се троши

Браната Паљурци се суши, нема вода за посевите на земјоделците, а во опасност е и живиот свет. Езерото кое видливо исчезнува сѐ уште привлекува рибари, но, велат риби речиси и да нема. Доаѓаат од навика и носталгија. Браната се суши поради неповолните временски услови, долгото и сушно лето, но според некои жители и земјоделците сносат дел од вината за оваа состојба, бидејќи водата во полето неконтролирано се троши.

Митко Стојков живее во близина на браната. Вели дека езерото може да го спаси единствено хидросистемот Ѓавото, кој го снабдуваше со вода и Дојранското Езеро. Но, системот втора година е исклучен. Стојков предупредува дека не смее да се дозволи водата во езерото да падне на минимум.

Од Министерстовто за животна средина на почетокот од летната сезона изјавија дека ќе го рестартираат хидросистемот ако има потреба, но, цело лето никој не се погрижи тој да почне со работа. Покрај Паљурци и нивото на ДОјранското Езеро е намалено з анајмалку еден метар.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Таравари објави дека крилото на АА оди во опозиција: Се враќаме меѓу граѓаните

Дејан Дејан

Телма интервју со Крис Павловски: Не сум ја организирал ниту сум ја платил посетата на македонската влада на инаугурацијата на Трамп

Дејан Дејан

„Ќе се изедначиме со ЕУ“, Трамп потпиша извршна наредба за намалување на трошоците за лекови на рецепт во САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе