Вести Свет

Уште пет навивачи на „Динамо“ уапсени во обид да ја напуштат земјата со брод

Грчката полиција уапсила уште пет хрватски хулигани кои учествуваа во тепачаката меѓу навивачките групи на фудбалските клубови „АЕК“ и „Динамо“, во која загина едно лице а повеќе се повредени.

Според информациите од грчките медиуми тое се обиделе да ја напуштат земјата со брод кој патувал за Италија.

Сепак биле спречени во обидот по што биле сослуш тврди ЕРТ, но биле фатени и однесени во полициска станица, каде што биле сослушани, а потоа префрлени во Атина.

Вчера во Какавија е уапсен и 19-годишен Хрват кој со автобус се обидувал да замине од Грција за Тирана.

По вчерашните навивачки немири во кои едно лице загина, а осум беа повредени, полицијата постави блокади низ цела Грција, особено на излезите од земјата, за да ги уапси сите инволвирани во наведените крвави инциденти.

УЕФА го одложи натпреварот, па хрватскиот шампион ќе биде на терен следната недела.

Првиот натпревар се игра на 15 август во Загреб од 20 часот, а реваншот е закажан три дена подоцна.

Еден мртов, осум повредени, 96 приведени – Грција суспендира седум високи полициски службеници по навивачки нереди во Атина 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Г7 договори нацрт-изјава за Израел и Иран, но Трамп најверојатно нема да ја потпише

Дејан Дејан

Преживеани од пожар во дискотека во Шведска што се случи пред 27 години, дојдоа во Кочани да им помогнат на семејствата

Дејан Дејан

Турција е подготвена да вложи напори за олеснување на продолжувањето на нуклеарните преговори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе