Спорт Фудбал

Сензација на Нов Зеланд, први бодови за Австралија

Светскиот шампионат во фудбал во женска конкуренција почна со сензација која ја направи еден од домаќините на Мундијалот.

Репрезентацијата на Нов Зеланд со погодокот на Хана Вилкинсон во 48 минута од натпреварот ја совлада Норвешка и стигна до првиот триумф на шампионатите откако имаше серија од 12 порази и три нерешени резултати.

Дуелот во Оукленд го следеа 42.317 гледачи што е рекорд во земјата кога станува збор за посета на еден фудбалски натпревар во машка или женска конкуренција.

Еден гол беше доволен и вториот домаќин, Австралија да ги освои првите бодови на првенството. Стефани Кејтли беше прецизна од белата точка за триумф на Австралија.

И овој натпревар ќе влезе во историјата како најпосетен меч во земјата во женска конкуренција. Средбата во Сиднеј од трибините ја следеа 75.784 гледачи.

На вториот ден од шампионатот ќе се одиграат три натпревари. За 4 часот и 30 минути по средноевропско време закажан е почетокот на мечот Нигерија – Канада. Од седум часот стартува дуелот Филипини – Швајцарија, а од 9:30 ќе се соочат селекциите на Шпанија и Костарика.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе