Кошарка Спорт

Почина легендата на хрватската кошарка Мирко Новосел

На 86 годишната возраст почина легендарниот кошаркарски тренер Мирко Новосел. Тој беше еден од најпознатите тренери на просторите од поранешна Југославија и беше член на Куќата на славните.

Во текот на кариерата има освоено голем број на трофеи на олимписките игри, светските и европските првенства, а освојуваше и трофеи во клупските натпреварувања.

Новосел се смета за основоположник на Цибона, клуб кој во негово време доминираше на европската сцена.

Како играч од 1952 до 1966 година го носеше дресот на Локомотива Загреб, а по завршувањето на кариерата продолжи да работи како тренер и седна на клупата на клубот за кој настапуваше кој во 1976-тата беше преименуван во Цибона.

Под негово водство Цибона во 1985 година Цибона ја освои титулата Европски шампион, беше на чело на екипата во 1981 и 1987 кога беше освоен трофејот во Купот на победници на купови.

Со Цибона во периодот од 1980 до 1988 освоени се 14 трофеи, а додека беше на чело на екипата во Загреб во 1984 од Шибенка дојде Дражен Петровиќ.

Новосел е еден од четирите тренери на светот кои имаат три или повеќе олимписки медали. Со репрезентацијата на Југославија има златен, сребрен и бронзен трофеј, а единствен е и по успехот во периодот од 1971 до 1973 година кога освојува злато со кадети, јуниори и сениори.

Во Куќата на славните во Спрингфилд влегува во 2007 година, а три години подоцна член на Куќата на славните на ФИБА.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Беше на украинскиот фронт од првиот ден на војната – загина двократниот европски првак во кревање товар

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европското првенство во Задар

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе