Вести Македонија Топ вести

(ФОТО)Телма во Студеничани: Електричари на ЕВН со полициско засилување почнаа да работат на мрежата “окупирана” од едно семејство

Телма во Студеничани: Дел од жителите по третпат се обидоа да ги спречат екипите на ЕВН да работат на модернизација на електродистрибутивната мрежа.

Полициски службеници беа на терен, повикаа и засилување по што се создадоа услови за дислокација на мрежните ормари и работниците започнаа со интервенции.

Во ова населено место потребно е да се работи на четири столбови од електродистрибутивната мрежа. ЕВН преку соопштение претходно информираше дека едно семејство узурпирало дел пд локалната нрежа поради што 30–тина семејства немаа струја, а екипите не можеа да го отстранат дефектот.

Проблеми за екипите на ЕВН во изминатиот период има во поголем број населени места, а кражбите на струја остануваат горлив проблем за надлежните.

Повеќе во Вестите на Телма во 12:30, 15:30, 18:30 и 21:30.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Престој со студентска виза до четири години, странските новинарите до 240 дена – нов чекор во имиграциската политика на САД

Sasko Dimovski

Уапсен скопјанец кој се бараше со потерница за затворска казна од една и пол година

Sasko Dimovski

Зајкова во Телма интервју: Електронското гласање е спин за да не се направи една изборна единица и да не се воведат отворени листи

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе