Спорт Фудбал

Арсенал и Баер се договорија за трансферот на Џака

Швајцарскиот репрезентативец Гранит Џака најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Баер Леверкузен.

Триесет годишниот фудбалер од средниот ред не е во плановите на тренерот Микел Артета и тој доби дозвола за трансфер, а најконкретен во обидот да го ангажира беше бундеслигашот од Леверкузен.

Според последните информации Баер за предвремен раскин на договорот на Арсенал ќе му плати обештетување од 25 милиони евра. Џака со Баер ќе потпише договор на пет години.

Медиумите во Велика Британија најавуваат дека вториот фудбалер кој летово ќе ги напушти Топчиите е репрезентативецот на Гана, Томас Парти.

ФОТО: Игор Паневски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина поранешниот претседател на Одбојкарската федерација на Македонија, Марјан Јованов – Мане

Sasko Dimovski

Расел славеше во Австрија, Антонели останува лидер во Формула 1

Sportska Redakcija

 Огура испиша историја во Асен, Мартин нов лидер во Мото ГП

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе