Вести Македонија Најважни

Сопствениците на „ДЕНА Продукт“ најавуваат демант затоа што биле изнесени многу невистини

Ќе подготвиме демант, па ќе ве побараме, велат сопствениците на валандовската компанија „ДЕНА продукт“. Во кус разговор за Телма, тие кажаа дека во јавноста се изнесени многу невистини и затоа не сакаат понатаму  да го коментираат случајот. Оваа компанија деновиве е во фокусот на јавноста, откако австрискиот амбасадор Вутсас испрати допис во медиумите дека се воделе незаконски процедури во македонските судови при што австриската компанија „АMMA“ не можела да си ги наплати побарувањата од валандовската „ДЕНА продукт“.

Обвинувањата на амбасадорот Вутсас се дека компанијата „ДЕНА продукт“ го префрлила имотот на „Глобал трејд“ иако имало судска забрана за оттуѓување на имотот. Станува збор за две компании во сопственост на брачниот пар Костови. Во Валандово ги побаравме седиштата на двете компании, но, насоките нѐ однесоа до домашните адреси.

Од обвинителството информираат дека има три кривични постапки во Скопје и во Гевгелија.
Првата е жалба на одлука на гевгелиското јавно обвинителство по пријава од адвокатите на „АММА“ во 2021 година за измама  дека нема елементи на кривично дело за измама  и се упатуваат на граѓански суд. Жалбата е во скопско Вишо Јавно обвинителство.

Втората е во јавно обвинителство во Гевгелија, каде  адвокатите на „АММА“ поднесуваат кривична пријава за оштетување на доверители – во моментов се прибираат докази и ќе треба да се вештачи. Третата пријава е поднесена во Скопското обвинителство на 23 јуни и е против НН лица во Катастар бидејќи според адвокатскиот тим на „АММА“ навремено не го впишале товарот на имотот на „ДЕНА Продукт“.

Овие пријави не се поврзани со арбитражната постапка.

Граѓански постапки каде адвокатите на австриската „АММА“ ја тужат „Дена Продукт“  има во Велес, Скопје и во Гевгелија и тоа се повеќе спорови.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со боксови и клоци ја тепал сопругата поради тестамент – се заканил ако не се врати дома до 22 ч., ќе ја запали куќата

Kristina Kuzmanovski

Започнува „меко“ хипер хлорирање на водата во Гостивар

Sonja Petrusevska

Непочитување на препораките во Гостивар носи ризик од појава на Хепатит А и други заболувања, предупредува доктор Кочински од ИЈЗ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе