Вести Најважни Свет

Милатовиќ положи заклетва – Црна Гора и официјално доби нов претседател за крај на ерата на Ѓукановиќ

Црна Гора и официјално го доби наследникот на Мило Ѓукановиќ. Новоизбраниот претседател Јаков Милатовиќ положи свечена заклетва во Подгорица и го презеде петгодишниот мандат.

Во обраќањето пред присутните, Милатовиќ нагласи оти ќе биде претседател на сите граѓани, без оглед на нивната политичка, верска и национална припадност. Порача дека е свесен оти го очекува нималку лесна работа. Во фокусот, како што рече, ќе биде елиминирање на внатрешните поделби, изградба на силни институции, непристрасна дистрибуција на правдата и изградба на општество за еднакви можности за сите. Од говорницата порача оти е време за обединување околу она што е заеднички имненител на сите, а тоа е љуботва кон Црна Гора.

Инаугурацијата на Милатовиќ во парламентот започна со инторнирање на црногорската химна. На свеченоста присуствуваа лидерите на сите регионални држави. Редот пред говорницата во пленарната сала беше резервиран за српскиот претседател Александар Вучиќ, за неговиот хрватски колега, Зоран Милановиќ, за тројцата членови на Претседателството на БиХ – Жељко Комшиќ, Жељка Цвијановиќ и Денис Беќировиќ, за претседателот на Албанија, Бајрам Бегај и за претседателката на Косово, Вјоса Османи.

На полагањето на заклетва на Милатовиќ беа присутни и специјалните пратеници на САД и на Велика Британија., Габриел Ескобар и Стјуарт Пич.

Јаков Милатовиќ го победи досегашниот претседател Мило Ѓукановиќ во вториот круг на изборите на 11 април, освојувајќи 60 отсто од гласовите.

Милатовиќ е трет претседател на Црна Гора од обновување на независноста во 2006 година. Два мандата на функцијата мина Филип Вујановиќ, по победата на изборите во 2008 и во 2013 година и Ѓукановиќ од 2018 година до сега. По поразот на изборите од Милатовиќ, Ѓукановиќ поднесе оставка и од лидерската позиција на Демократската партија на социјалистите.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Растат тензиите Трамп ја распоредува Националната гарда

Дејан Дејан

(Видео)Невреме во Кина проследено со дожд и снег – повеќе од 13 илјади луѓе се евакуирани

Дејан Дејан

Успешно опериран колумбискиот претседателски кандидат Мигел Урибе по обидот за атентат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе