Вести Најважни Свет

(ФОТО) Во Унгарија се преврти автобус со туристи од Белград

Тешка сообраќајна несреќа на автопатот 53 во Унгарија, во која најмалку 15 лица се повредени меѓу нив и две даца откако од засега непознати причини се преврти автобус од Србија, кој превезувал туристи од Белград. Во автобусот имало 55 патници и сите се србски државјани. Повредените биле извлечени преку ветробранско стакло на автобусот.

Сопственикот на компанијата Ненад Ќелиќ, информираше дека патувањето го продолжиле 35 патници, а во болница се задржани еден возач и една жена.

Повредените во несреќата биле извлечени и  згрижени со неколку амбулантни и пожарникарни возила.

Еден од патниците на автобусот кој се превртел во Унгарија го опишал непријатното будење што го доживеал при превртувањето на возилото.

– Несреќата се случи околу 5:30. Сите спиевме во автобусот, јас бев полузаспан, слушнав некое шкрипење, како да е фатен работ од патот. Потоа почна вртењето. Пожарникарите дојдоа навистина брзо и почнаа да ги извлекуваат повредените преку шофершајбната“, изјави Угљеша Саванов за Телеграф.рс.

Зоран Саванов, чиј син бил во автобусот кој се превртел во Унгарија, за Телеграф.рс раскажува дека неговиот бил заедно со својата девојка од Белград во Будимпешта да ги помине првомајските празници таму.

– Ми се јави околу шест часот наутро да ми каже дека доживеале сообраќајна несреќа. Ми кажа дека автобусот им се превртел“, рече Саванов.

Потоа додаде дека пожарникарите веднаш пристигнале на местото на настанот.

– Го скршија стаклото за да ги извлечат патниците, мојот син е добро и неговата девојка. На местото на настанот излегле Брза помош и сопственикот на агенцијата преку

која патувале“, вели Саванов.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Светот го одбележува Светскиот ден на бегалците

Дејан Дејан

Зошто ми е убиена Вањичка- таткото Александар Ѓорчевски со прашање до Палевски Палчо

Дејан Дејан

Сашко Мицевски нов в.д. директор на Агенцијата за филм

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе