На кванташкиот пазар во Скопје во тек се инспекциски надзори на увозници на овошје и зеленчук, како и на сите трговци на лице место.
На терен се над 30 инспектори на Државниот пазарен инспекторат, во координација со тимови Управата за финасиска полиција, Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за одземен имот.
Согласно Законот за трговија, казните за увозниците, зависно од нивната големина, доколку се утврди непочитување на владините одлуки, се движат 800 до 10.000 евра, додека за нерегистрирана дејност покрај паричната казна е предвидено и одземање на стоката.
На Кванташки беше Марија Коцева, која се јави во вестите на Телма во 08.30
Во изјава за Утринска на Телма првиот човек на инстекторатот Горан Трајковски потврди дека екипите се на терен и информираше за резултатите од спроведената акција за време на викендот, кога биле изрени казни над од 80.000 евра.
