Спорт Фудбал

Во Челси ќе има голема распродажба летово поради ФФП

Челси минатото лето и во јануари годинава купи огромен број на нови фудбалери. Гужвата во соблекувалната е еден од главните проблеми што играчите не се среќни и нема доволно минутажа за сите да бидат среќни.

Англиските медиуми најавуваат голема чистка на „Стемфорд Бриџ“ по која треба да си заминат дури осум фудбалери. Прво за да тимот да има нормален број на играчи, а второ за клупските финансии да бидат во склоп со Финансискиот фер-плеј на УЕФА.

Речиси сигурно заминуваат Ромелу Лукаку и Пјер-Емерик Обамејанг. Потоа крилните фудбалери Кристијан Пулишиќ и Хаким Зијех, а на отстрел се и тројца англиски репрезентативци Конор Галагер, Мејсон Маунт и Рубен Лофтус-Чик.

Можно е е да си замине и Калиду Кулибали, како и голманот Едуард Менди, кој го загуби првотимскиот статус од Кепа Аризабалага.

Челси се надева дека може да собере преку 200 милиони евра од продажбата на овие фудбалери за да ги избалансира сметките.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Шкендија со победа го потврди второто место во првенството

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Чаир преку Вардар до финалето на Купот

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Галевски му донесе историско финале на Алкалоид

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе