Кошарка Спорт

Бостон повторно пресилен за Атланта, а Кливленд и Феникс израмнија на 1-1 (ВИДЕО)

Кошаркарите на Бостон славеа со 119-106 против Атланта и максимално го искористија домашниот терен во првата плејоф рунда во НБА-лигата. Џејсон Тејтум ги предводеше Селтикс со 29 поени и 10 скока, додека Дерик Вајт имаше 26 поени. Кај Хоукс, најмногу се истакнаа Дежонте Мареј со 29 поени и Тре Јанг со 24.

Феникс не дозволи и второ изненадување на домашен паркет и го совлада тимот на Лос Анџелес клиперс со 123-109 и тоа најмногу благодарение на Девин Букер, кој постигна 38 поени. Санс сега израмнија на 1-1, но следните два натпревари од серијата се играат во Лос Анџелес.

И Кливленд успеа да израмни на 1-1 откако го совлада Њујорк на домашен паркет со 107-90. Дариус Гарланд постигна 32 поени, а Карис Леверт имаше 24 за Кавалирс. Џулиус Рендл со 22 поени беше најефикасен кај Никс.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Димитријевиќ се сели во Солун, потпиша двегодишен договор со Арис

Sportska Redakcija

Кејн ја спаси Англија: „Гордиот Албион“ славеше со пресврт против Конго (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Милионска фешта во Мексико Сити по историската победа на Мексико (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе