Ливерпул ја бележи најлошата сезона откако на чело на екипата дојде Јирген Клоп и поради тоа се почесто се говори дека клубот од Енфилд летово се подготвува за целосна реконструкција на екипата.
Според некои медиуми во Велика Британија, раководството на Ливерпул подготвува буџет од 200 милиони фунти кои ќе се потрошат за ангажирање на четири нови имиња.
Станува збор за фудбалери кои настапуваат во Премиер лигата од кои двајца го носат дресот на Челзи.
Мејсон Маунт и Конор Галагер се меѓу приоритетите на менаџерот Клоп и за нив треба да се издвои половина од предвидениот буџет. Неофицијално висината на обештетувањето за Маунт изнесува 70 додека за Галагер треба да се платат 30 милиони фунти.
Менаџерот на Ливерпул во тимот го посакува и репрезентативецот на Аргентина, Алексис МекАлистер и за него Брајтон бара сума од 70 милиони фунти.
Последен во низата е младиот централен дефанзивец Леви Колвил кој го носи дресот на Брајтон, но тој има статус на позајмен играч од Челзи и според последните најави тој нема да желба да се врати на Стемфорд бриџ. И за него висината на откупната клаузула е околу 30 милиони фунти.
ФОТО: Игор Паневски
