Вести Култура Македонија

Одбиено дело на уметникот Златко Глигоров за изложбата „ Современа скулптура“ на ДЛУМ

Оваа легенда на која пишува „ Одбиено дело“, не ја објаснува истата минијатура, туку зборува за нејзината судбина.

Нејзиниот автор, мултимедијалниот уметник Златко Глигоров е незадоволен зашто делото „ Рефлексии“ не беше вклучено во изложбата „ Современа скулптура“, што ја организира Друштвото на ликовни уметници.

Според Глигоров, во комисијата , составена од членството на Уметничкиот совет на ДЛУМ, која ја правела селекцијата, ни еден од членовите не бил скулптор, а дека делото било одбиено дознал случајно откако била отворена изложбата „ Современа скулптура“.

„Жалам што се уште немам никаков одговор, никаква комуникација. Дали и зошто требало делото да биде одбиено. Колку е нивното гледање и какво е? Јас не гледам вајар таму. Таму има графичар и не знам што друго. Навистина не ми се познати баш многу. Зборуваме за професионалност . Што е тоа професионалност денес? Како ние сакаме да гледаме едно уметничко дело?“ – вели сликарот и уметник, Златко Глигоров.

Глигоров го презентирал делото пред професори од катедрата за скулптура при ФЛУ. А, од нив добил пофални зборови. Еден од нив е Беди Ибрахим, кој вели дека ова тридимензионално дело, составено од камена скулптура напред и огледални плохи во позадина кои се отвораат, во интеракција со посетителите ја создава и четвртата димензија и се доближува до изведбената театарска уметност. Затоа требало да биде дел од изложбата „ Современа скулптура“.

„Значи овде е просторот, времето, светлината. Тие три компоненти со актерот, тоа е четвртата димензија. Значи сите компоненти ги има. Одлична идеја и би требало да биде претставена на изложбата“ – професор на ФЛУ, Беди Ибрахим.

Добро би било да прерасне во монументално дело, дополнува Ибрахим. А, од ДЛУМ се револтирани од јавната реакција на Глигоров и велат дека за тој проблем требало да реагира на претстојното Собрание.

„Тој воопшто нема доставено до ДЛУМ официјална реакција дека Уметничкиот совет условно згрешил, според него. Се видовме неколку пати и воопшто не спомена за неговата намера. Ќе го потсетам дека тој е член на ДЛУМ. Дека на 6 мај имаме Собрание и дека за сите добронамерници на ДЛУМ се отворени вратите,за било каква реакција. Тоа што сум исто така револтирана е појавувањето на професорите од ФЛУ“ – ни изјави по телефон, Претседателката на ДЛУМ, Јана Манева – Чупоска.

Протестот на Глигоров, во духот на изложените одбиени дела на француски импресионисти од крајот на 19 век, јавноста ќе може да го види до 23 овој месец во МКЦ. Поставено е како дел од неговата инсталација на принтови, под заеднички наслов „ Рефлексии“.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Георгиев: СДСМ треба да се остави да го изоди својот пат

Дејан Дејан

Тодоров: СДСМ за цело време на мандатот губеше политички поени заради ДУИ

Дејан Дејан

Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе