Кошарка Спорт

МЗТ ја реши Цибона во второто полувреме: Сега чека услуга од Будуќност

Кошаркарите на МЗТ Скопје ја совладаа Цибона со 87-74 во последното коло од регуларниот дел од сезоната во АБА-лигата и сега чекаат милост од Будуќност за да обезбедат бараж за опстанок. Македонскиот шампион утре ќе ја дознае својата судбина.

МЗТ лошо го отвори натпреварот и во првото полувреме постојано имаше негатива, за на паузата да замине со 41-53. Во третиот период следуваше експлозија на „металците“, кои во тие 10 минути го надиграа гостинот од Хрватска со 30-5 за да дојдат до предност од 13 разлика. Во последниот период само ја одржуваа разликата, а има и највисоки +17. Конечниот резултат гласеше 87-74, што беше трета победа по ред за скопскиот тим во АБА.

Мајк Кефи со 19 поени беше најефикасен во редовите на МЗТ, Александар Бурсач имаше 17, а 15 поени постигна Кеандре Кук, додека двоцифрен беше и Војдан Стојановски со 14 поени.

Судбината на МЗТ сега е во рацете на кошаркарите на Будуќност и Борац, кои утре го играат својот натпревар од последното коло. На нашиот тим му треба победа на фаворитот Будуќност, бидејќи во спротивно Борац би изборил бараж за опстанок, а МЗТ како последнопласиран тим би испаднал во АБА2.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе