Фудбалската репрезентација на Македонија до 19 години во решавачкиот натпревар за освојување на првото место во групата од квалификациите за Европското првенство Б лига е поразена од Израел со 2:1.
Нашата селекција пропушти шанса да стигне до бод кој ќе ни гарантираше сигурен настап во следната рунда од квалификациите, но по денешниот пораз ќе го чекаме епилогот од последните два дуели што ќе се одиграат утре.
Израелките поведоа со голот на Оријан Биру 52. минута, Лора Сулејмани во 74. израмни на 1:1, а Биру по втор пат во листата на стрелците се запиша на седум минути пред крајот на мечот.
ФОТО: Игор Паневски

















