Вести Култура

Петиција на вработените во Филхармонија – немало просторен, ни технички капацитет да го делат кровот со џезерите

„Рашомонијада“ кога најмалку очекувавме на почетокот на една убава приказна и тоа од наши блиски колеги и пријатели со кои со години наназад соработуваме и се дружиме, реагира „Здружението на џез музичари“ по петицијата која Синдикатот и раководството на Филхармонија ја испратија до министерката за култура Костадиновска Стојчевска и премиерот  Ковачевски со цел промена на одлуката за вдомување на Џез оркестарот во просториите на Филхармонија. Според Џијан Емин тие кои ја потпишале петицијата во голем дел се дезинформирани.

„Од тие 108 вработени, од нив 25 – 30 луѓе се хигиеничари, луѓе што работат во нототека, луѓе што работат на билетара, од техничка служба, диспичери, дел од администрација кои што според мене навистина никако не би биле засегнати доколку ние би работеле во зградатаДополнително од тие 80 луѓе кои се потпишани на петицијата 15 или 20 луѓе се водачи или дел од музичарите кои не свират на сите концерти“ – вели Џијан Емин, диригент на ЗЏМ.

„Единствено за кое што можам да тврдам и да ги информирам колегите е дека тоа што би го користеле би било времето кое е слободно во зградата за проби на оркестарот и нормално по договор кога немаат концерти еден од деновите да има концерт нашиот оркестар“ – вели претседателот на ЗЏМ, Гоце Стефковски.

Загрижува егоизмот и кусото паметење, вели тромбонистот и поранешен директор на Националната опера и балет и член на ЗЏМ Николовски. Со ваквиот став само се забавува процесот, кој треба да почне, да видиме дали е добра таа привремена одлука на Министерството за култура, сепак станува збор за времено решение, додава тој.

„Филхармонија долго беше кираџија меѓутоа секаде беше примена како што треба. Долго години беше во ЈНА, сега домот на АРМ, беа во Драмски театар, па беа кај нас, јас сум вработен во Опера и балет, па беа во МКЦ и каде не. И секаде беа добро пречекани во духот на македонската убава традиција“ – додада Николовски.

Ваквата реакција на Оркестарот за џез музика следи по петицијата на вработени во Филхармонијата кои преку соопштение до јавноста реагираа на одлуката на владата, новоформираната национална установа да биде сместена и да работи во објектот на Филхармонија.

Во дописот велат дека ја поздравуваат владината одлука, но потенцираат дека смесувањето под заеднички кров е несоодветно и дека повеќе ќе направи штета отколку корист. Според нив нема просторни, ниту технички капацитети двете установи паралелно да делуваат во ист објект.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе