Вести Македонија Најважни

„Замрзнати“ цени на 11 видови овошје и зеленчук – доматите до 70 денари, лимоните и портокалите – 55 денари

Двојно па и тројно поскапо од увозната цена се продавале видовите на овошје и зеленчук кои Владата денеска со одлука ги ограничи на максимални цени по кои ќе може да се продаваат до крајот на овој месец, покажуваат анализите на Царинската Управа и минстесртвото за економија.

Вкупно единаесет продукти се во одлуката на Владата а цените по кои ќе се продаваат овие продукти ќе се движат од 55 до 110 денари.

Одлуката стапува на сила од среда кога и максималните цени на лимоните и потрокалите ќе се ограничат на 55 денари, кромидот и мандарините до 60 денари, патлиџанот, карфиолот и бананите ќе се продаваат до 70 денари за килограм, краставиците и гравот до 75 денари, зелените пиперки до 90 денари и леќата чија максимална цена до 31 април е ограничена до 110 денари за килограм.

Министерот Бектеши вели дека во новите цени е вкалкулирана маржа од 40 отсто како и расходот на трговците т.н. „кало“.

Овошје и зеленчук ќе има на рафтовите и на пазарите и нема опсаност од запирање на испорака, дециден е министерот.

Пазарните инспектори ќе продолжат со контроли кај трговците и во маркетите но и на пазарите каде може да се соочат со проблеми бидејќи закупците на тезги, релиси и да не издаваат фискални сметки или пак не ги истакнуваат цените.

Дел од трговците кои беа откриени дека продаваат продукти по цени повисоки од оние во владините одлуки не ги платиле казни и за нив е поведена судска постапка.

Досега Владата ги замрзна цените или постави максимални цени за продажба на белиот и полубелиот леб, дел од млечните производи и тестенините, домашните јајца и ориз како и на дел  од хигиенските производи.

Огнен Чанчаревиќ

Над 2,5 милиони денари казни за непочитување на „замрзнатите“ цени

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца хоспитализирани, еден опериран – над 30 повредени од невремето во Скопје

Sasko Dimovski

Утврдено зголемено ниво на арсен во водата за пиење во Валандово – граѓаните да не ја користат за пиење

Sasko Dimovski

Подолго време е потребна претпазливост во Гостивар, не знаеме што сè има во фекалното загадување, советуваат инфектолозите

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе