Иако сè уште нема официјални резултати од изборите во Бугарија, бидејќи во тек е паралелно пребројување на гласовите, сепак, податоците од Централната изборна комисија покажуваат дека своето право на глас во земјава го искористиле 453 лица кои се чувствуваат како Бугари.
Според овие податоци, најмногу се гласало во Скопје каде граѓанското право го искористиле 185 лица. Потоа во Струмица со 64 гласачи, Битола – 55, Прилеп – 39, Кавадарци – 36 и Тетово – осум лица.
Според податоците до 7 часот утринава, во водството е партијата на Бојко Борисов со нецели два отсто од гласовите пред партијата „Продолжуваме со промените“ на Кирил Петков. Нејасно е во моментов дали се можни изненадувања и промена на местата во текот на денот кога треба да бидат обработени 100 отсто од гласачките места.
