Вести Македонија Најважни

Врховен остана со пет кривичари, пет кандидати, меѓу кои и Енвер Беџети, не минаа во судски совет

Осум против четворица „ЗА“ за судијата од Апелација, Енвер Беџети да не стане судија во Врховниот суд. Вака гласаа членовите на судски, но без образложение зошто. Иако тој се пријави за отворена позиција на врховен судија во Судскиот совет, чија комисија му утврди пропусти при неговото постапување со „Тврдина Таргет“. Не само Беџети, туку ниту еден од петте кандидати за врховни судии во Кривичниот оддел не беше избран, а најголем дел имаа ист број на гласови, како и самиот Беџети, односно четири „за“, осум „против“.

Од членовите на Судски совет нема објаснување зошто на четири од петте гласања сите размислувале исто, и гласале на ист начин, без разлика на биографиите на кандидираните судии.

Беџети одекна во јавноста како судија-известител во Апелација во Скопје, кој според анализите на Судскиот совет го криел со месеци предметот „Тврдина Таргет“, каде Мијалков, Груевски, како и други поранешни вработени во УБК се обвинети за масовно прекршување на човековите права со нелегално прислушување.

Но, затоа Судскиот Совет ги пополни двете огласени места во Врховен за судии за граѓанска област. Со по 10 гласа „за“ и 2 „против“, во највисокиот суд беа избрани судијките од скопска Апелација Анита Бошковска и Катерина Георѓиевска. За нив, членовите не штедеа пофални зборови.

Според јавно објавените пресуди, Бошковска судела спорови по жалба што се однесуваат на надоместок на штета и долгови, а Георгиевска судела слични спорови, но и предмети за утврдување одговорност за клевета. Таа судела и на предметот во кој тужител бил Зоран Заев, при што ја одбила жалбата на тужениот и ја потврдила пресудата во корист на експремиерот. Судијката Катерина Георгиевска е и сопруга на обвинителот Влатко Георгиевски од Републичкото јавно обвинителство.

Сега врховниот суд останува со пет судии во кривичната област што ја усложнува работата на судот. Врховниот суд во кривичниот оддел и натаму останува само со судиите Џемали Саити, Африм Фидани, Сафет Кадрии, Мирјана Лазарова-Трајковска и Цветанка Периќ.

Освен Беџети, не беа избрани ниту прворангираниот, со најмногу бодови, судијата Зоран Димитриевски од Апелацискиот суд Скопје, Данка Ристова која доби изедначен број гласови ЗА и Против и Татјана Дуковска.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

11 пациенти биле примени во Ургентен, пациентка со повреда на главата и на потколеница задржана на нерохирургија

Kristina Kuzmanovski

Франција воведува целосна забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години

Kristina Kuzmanovski

Во Италија запленети 770 килограми кокаин во пратка со банани

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе