САД имаат значителни инвестиции во борбата против корупцијата бидејќи тоа е во најдобар интерес за двете страни. Граѓаните заслужуваат да имаат институции коишто работат за нив и тие заслужуваат да имаат иднина во којашто владее правото, порача американската амбасадорка во земјава Анџела Агелар на денешниот форум за жени посветен на доброто владеење и антикорупцијата.
Вицепремиерката Славица Грковска се согласува со податоците од последниот извештај на Стејт Департментот и се надева дека ова ќе биде последен ваков извештај за земјава. Очекува преку конкретни мерки да се подобри состојбата во правосудството бидејќи според неа тука лежи клучниот проблем.
