Uncategorized Вести Свет Топ вести

Турски град без жртви и урнати згради од земјотресот – градоначалникот на Ерзин не дозволувал бесправно градење

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека минатонеделните земјотреси биле со „јачина на атомски бомби“, а новите податоци покажуваат дека бројот на загинати во Турција и во Сирија надмина 41.000. Тој, исто така, истакна дека стотина илјади згради, ширум Турција, не можат да се користат, додавајќи дека секоја земја би се соочила со такви последици, како и неговата, во случај на таква катастрофа.

Но, во градот Ерзин, среде тешко погодената провинција Хатај, не е регистриран ниту еден смртен случај, а нема значителни оштетувања на ниту една зграда. Оштетени се само некои семејни куќи и неколку минариња во градот со 42.000 жители.

„Немаме урнатини, жртви или повредени поради земјотресот“, вели градоначалникот Океш Елмасоглу, изразувајќи сочувство до сите кои се погодени со потресот.

Причината зошто, во градот со кој раководи, нема урнати згради, ниту смртни случаи, според него, е затоа што никогаш не дозволил бесправно градење.

„Не дозволував бесправно градење во која било смисла. И покрај тоа, имаше обидо од некои и, иако на почетокот не можевме да ги следиме, бидејќи немавме доволно персонал, подоцна ги пријавивме кај обвинителот и објектите беа урнати“, пренесува „Хуриет Дејли“.

Тој додава дека најголем дел од зградите се со релативно ниска градба. Станува збор, како што рече Елмасоглу, самостојни градби, најчесто четирикатници и вели дека во Турција треба да настапи целосна промена во размислувањето за градежништво.

„Затоа граѓаните не треба да очекуваат никакви отстапки од државата за бесправни градби, да не посегнуваат за такви работи и да преземаат одлучни чекори за уривање на такви објекти, кога е потребно“, вели градоначалникот на Ерзин.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина застреланиот странец во Штип, убиецот пробил полициска блокада на патарина, но е уапсен

Дејан Дејан

Променливо облачно со сонце и нестабилно – Временска прогноза за 10.5.2025

Дејан Дејан

Извршен увид по пукање со огнено оружје во Штип

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе