Вести Македонија

Започнува подготовката на Стратегија за развој на туризмот 2027-2032

Започнува процесот на изработка на Стратегија за развој на туризмот 2027-2032 година, дополнета со Акциски план за спроведување, за периодот 2027-2029 година. Ќе се прави во услови кога Македонија има огромен, но недоволно искористен туристички потенцијал, кажа на денешната дебата, министерот за култура и туризам, Љутков. Според него ,документот треба да даде одговори и решенија на повеќе прашања.

  • Рамномерен регионален развој на туризмот низ целата држава, ефективен дестинациски менаџмент на локално и на национално ниво, одржлив туризам кој ги штити природните и културните ресурси, дигитализација на услугите и промоција на македонскиот туризам, развој на нови, високовредносни производи во културниот, езерскиот, планинскиот, руралниот, винскиот и искуствениот туризам, подобрување на квалитетот на услугите и човечките ресурси во секторот, кажа Зоран Љутков, министер за култура и туризам.
  • Одржливиот туризам не е само добар за животната средина. Тој носи реални, опипливи придобивки за локалните заедници. Отвора работни места во пооддалечените области и им нуди на младите луѓе кариера, каква што сѐ повеќе посакуваат. Флексибилна, креативна и тесно поврзана со природата, рече Кристоф Зомер, амбасадор на Швајцарија во Македонија.
  • Успешна Стратегија не се создава зад затворени врати. Таа се создава преку дијалог, консултации и активно учество на сите засегнати страни: туристички бизниси, јавните институции, локалните заедници, невладиниот сектор, научната јавност и граѓаните, вели Акан Махмут, Национален координатор за туризам во Владата на Македонија.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Црна Гора ги врати „батинашите“ на Вучиќ од Тиват во Белград – Србија ги блокираше граничните премини со соседната држава

Дејан Дејан

Корупцијата почнала во Агенцијата која требало да ги штити европските фондови – рече обвинителката на судење за ИПАРД во кој е обвинет и функционер

Дејан Дејан

Начинот на кој ќе се носи Законот за правична застапеност ги скара партиите на Албанците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе