Поранешниот фудбалер и тренер на белградски Партизан, Миодраг Јешиќ загина претпладнево во сообраќајна несреќа што се случи меѓу Рума и Јарак во Србија.
Фудбалската кариера ја започна во Жарково, а потоа се придружи на белградските „црно-бели“ меѓу кои остана пет години по што направи трансфер ангажман во Турција.
Кам-бекот во Партизан траеше една сезона и по уште две дополнителни во Турција, ја заврши играчката кариера.
Тренерската, пак, ја почна во нишки Раднички, а ги предводеше и ОФК Белград, Партизан, Сараево, Сфаксиен, Алтај, Славија Софија, Ал Араби, Јангон јунајтед. Беше и на клупата на Бордо во 16 натпревари во кои имаше скор од девет победи, два нерешени исхода и пет порази.
