Вести Најважни Свет

ОН изгласаа Резолуција за репарации во Украина, Медведев бара репарации од САД за Југославија

Генералното собрание на Обединетите Нации (ОН) ја повика Русија на одговорност за нејзините постапки во Украина, усвојувајќи Резолуција во која се наведува дека земјата ѝ должи обештетување на Украина.

Во Резолуцијата, за која гласаа 94 од 193-те земји-членки на собранието, се вели дека Русија, која започна инвазија на соседна Украина во февруари, мора да ги сноси правните последици од нејзините незаконски дејствија.

Резолуцијата, која не е обврзувачка, но има политичка тежина, предлага земјите-членки во соработка со Украина да основаат меѓународен регистар за да се соберат докази и обвинувања против Русија.

Веднаш со реакција на Телеграм се јави Дмитриј Медведев, претседател на Советот на безбедност на Русија, кој ги повика САД да платат отштета на Југославија, на Ирак, на Виетнам, на Кореја и на многу други држави.

„Би требало да усвоите иста препорака за плаќање на целосна отштета што САД ја предизвикаа на Југославија, Ирак, Виетнам, Кореја и многу други земји кои настрадаа од Американците и од НАТО“, напиша Медведев на Телеграм, како коментар по гласањето на Резолуцијата во ОН со која се признава неопходност од воспоставување на механизам за Русија да може да ѝ плати отштета на Украина.

Во спротивно, нагласи тој, „ова изгледа како почеток на агонијата на Обединетите Нации како клучна меѓународна организација за помирување“. Според него, „Резолуцијата треба да ги легализира плановите на Западот за користење на замрзнатиот руски имот“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парализиран маж по три години повторно почувствува допир

Tea Dimkovska

Британија го зголемува военото присуство во Естонија

Tea Dimkovska

Хутите подготвени да го затворат теснецот Баб ел-Мандеб доколку САД нападне иранска енергетска инфраструктура

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе