Почина планинарот по кого ноќеска се трагаше во подножјето на Титов Врв на Шар Планина. Тој паднал од паднал од карпа во провалија. Вториот планинар, пак, кој го пријавил настанот е спасен и има лесни. Во спасувачката акција повреден е и припадник на Единицата за брзо распоредување при МВР, а со лесна повреда се здобил и началникот на СВР Тетово.
Неофицијално Телма дознава дека починатото лице е државјанин на Белгија, додека другиот планинар е од Куманово.
Од страна на раководителот на РЦУК Тетово сме известени дека командирот од Специјалната единица на МВР кој во текот на спасувачката акција се здоби со тешки телесни повреди е извлечен од местото на настанот и моментално со возило е упатен Клиничкиот центар. Второто пронајдено лице е мртво. За истото да биде пренесено ќе треба претходно да се извршат соодветни процедури, велат од ЦУК.
Инаку според информациите на Центарот за управување со кризи повикот за итен случај бил примен на 112, по што на местото е се упатил специјализиран тим на МВР, заедно со ЦУК и припадници на Територијалната противпожарна единица Тетово со две теренски возила и дронови за ноќно извидување и претрага. Потрагата се одвивала во тешки услови и на ниски температури.
Данијела Билбилоска
