Ракомет Спорт

Мицевска со трета најатрактивна одбрана вториот ден од ЕП

Македонската репрезентативка Јована Мицевска на вчерашниот дуел против Франција со 10 интервенции беше една од најдобрите во нашиот состав.

Првиот избор на голманската позиција во неколку ситуации одлично реагираше и ги одбрани обидите на противничките ракометарки, а една од интервенциите е избрана за трета најдобра на вториот ден од континенталното првенство.

Пред Мицевска во редоследот се Романката, Јулија Думанска и француската репрезентативка Клео Дарлу.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Димитријевиќ се сели во Солун, потпиша двегодишен договор со Арис

Sportska Redakcija

Кејн ја спаси Англија: „Гордиот Албион“ славеше со пресврт против Конго (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Милионска фешта во Мексико Сити по историската победа на Мексико (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе